Акредитатор v1.0.1
Преку Акредитатор дознајте дали медиумот што го читате е дел од регистрите на етички коректни медиуми во државата! Чим ќе посетите веб страна на некој локален медиум, иконата на Акредитатор ќе засвети зелена доколку тој сајт е пронајден во еден од наведените регистри. Со клик на иконата, може да се добијат повеќе информации околку регистрите во кој е запишан тој медиум, како и опција за пријавување на прекршок на етичкиот кодекс.
Со помош на Акредитатор, нудиме дополнителна заштита од можни лажни вести и намалување на дезинформациите! Овој проект е поддржан од Фондот за Иновации и Технолошки Развој.
Акредитатор не ги следи вашите интернет пребарувања и прелистувања, а отворениот код може да се прегледа тука: https://github.com/jovanovski/akreditator-mk
Во овој момент, Акредитатор презема листа на етички медиуми од 2 регистри:
1) Промедиа (ЗНМ/ССНМ) - https://promedia.mk/main
2) ИАБ Македонија - https://www.iab.mk/etichki-kodeks/